od nas za nas

channel image

od nas za nas

od nas za nas

subscribers

Догмата дека вакцините нѐ спасија и дека без нив не ќе преживеевме, секако е иницирана со самиот почеток на вакцинацијата, а особено е одржувана со вакцината.

За да разбереме како всушност вакцините влијаеле и влијаат на денешниот живот, потребно е да нурнеме во добро маскираната историја.

Одличен извор за историјата на вакцинацијата е книгата на д-р Сузан Хамфрис – Разоткривање на илузиите (Dissolving Illusions: Disease, Vaccines, and The Forgotten History - https://dissolvingillusions.com/ ). На страната, покрај тоа што можете да прочитате повеќе за книгата, можете да ги видите графиконите за опаѓање на смртноста од различните инфективни болести, за различни земји (https://dissolvingillusions.com/graphs-images/ ).

Во интервју за Epoch Times, за време на гостувањето на Конференцијата на Детската здравствена одбрана (Children's Health Defense), д-р Сузан Хемфрис говореше за непријатната вистина за вакцините.

Како сѐ започна и како вакцинацијата стана мултимилијардерска индустрија?

За полиото како болест, пред и по вакцината, за скандалите поврзани со неа... За клиничките испитувања на првата вакцина против полио, за начинот на кој се пушти во употреба...

Зошто се направи вакцината против морбили, кога смртноста од болеста веќе опадна над 98%?

Дознајте повеќе во првиот дел од интервјуто.

Вториот дел можете да го видите овде:https://www.bitchute.com/video/ZgmTVvds932e/

________________________________________________________________________________

H.V.Wyatt ; The 1916 New York City Epidemic of Poliomyelitis: Where did the Virus Come From?

https://www.researchgate.net/publication/273483081_The_1916_New_York_City_Epidemic_of_Poliomyelitis_Where_did_the_Virus_Come_From

March of Dimes

https://www.marchofdimes.org/about-us
Скандалите поврзани со организацијата:
https://www.google.com/search?q=march+of+dimes+scandal&client=firefox-b-d&sca_esv=4a182c5311bbdf9b&sxsrf=ACQVn0_TgNVY_Oat-akM59aMACxFZLxePQ%3A1711719418826&ei=-sMGZsODMvrkxc8P-r-M4A8&oq=march+o&gs_lp=Egxnd3Mtd2l6LXNlcnAiB21hcmNoIG8qAggBMgoQIxiABBiKBRgnMgoQIxiABBiKBRgnMgUQLhiABDIFEAAYgAQyChAAGIAEGIoFGEMyBRAAGIAEMgUQABiABDIFEAAYgAQyChAAGIAEGIoFGEMyChAAGIAEGIoFGENIgVtQlAtYkkpwCHgCkAECmAHWBqAB_SuqAQ0wLjUuNC4yLjIuMS4yuAEByAEA-AEBmAIXoALFJKgCFMICBBAAGEfCAgsQABiABBiKBRiRAsICCxAuGIAEGIoFGJECwgIKEC4YgAQYigUYQ8ICGhAuGIAEGIoFGJECGJcFGNwEGN4EGOAE2AEBwgILEC4YgAQYxwEY0QPCAgoQLhhDGIAEGIoFwgIlEC4YQxiABBiKBRiXBRjcBBjeBBjgBBj0AxjxAxj1Axj2A9gBAcICBxAAGIAEGArCAgcQIxjqAhgnwgITEAAYgAQYigUYQxjqAhi0AtgBAsICEBAuGIAEGIoFGMcBGK8BGCfCAgoQLhiABBgUGIcCwgILEC4YrwEYxwEYgATCAgoQABiABBgUGIcCwgIIEAAYgAQYyQOYAwaIBgGQBgi6BgYIARABGBS6BgYIAhABGAGSBw05LjUuNC4xLjMuMC4xoAeHhwI&sclient=gws-wiz-serp

_________________________________________________________________________________________

Извор: https://www.theepochtimes.com/epochtv/the-ugly-history-of-vaccines-part-1-dr-suzanne-humphries-5604128

Догмата дека вакцините нѐ спасија и дека без нив не ќе преживеевме, секако е иницирана со самиот почеток на вакцинацијата, а особено е одржувана со вакцината.
За да разбереме како всушност вакцините влијаеле и влијаат на денешниот живот, потребно е да нурнеме во добро маскираната историја.
Одличен извор за историјата на вакцинацијата е книгата на д-р Сузан Хамфрис – Разоткривање на илузиите (Dissolving Illusions: Disease, Vaccines, and The Forgotten History - https://dissolvingillusions.com/ ). На страната, покрај тоа што можете да прочитате повеќе за книгата, можете да ги видите графиконите за опаѓање на смртноста од различните инфективни болести, за различни земји (https://dissolvingillusions.com/graphs-images/ ).
Во интервју за Epoch Times, за време на гостувањето на Конференцијата на Детската здравствена одбрана (Children's Health Defense), д-р Сузан Хемфрис говореше за непријатната вистина за вакцините и што ја натера да истражува повеќе за „најдоброто што му се случило на човештвото“.

Како се дојде до идејата за колективен имунитет?
Која е разликата помеѓу природниот и индуцираниот од вакцина имунитет?
Како влијаат вакцините на сегашниот „колективен имунитет“?
Што ќе се случи доколку ги прекинеме вакцините веднаш?

Првиот дел од интервјуто погледнете го овде:https://www.bitchute.com/video/pV0hwjBvQn5z/

Во 2013 година, биологот д-р Брајан Хукер доби повик од виш научник во Центaрот за контрола и превенција на болести на САД (ЦКБ), кој ја предводеше студијата на агенцијата од 2004 година за вакцината против морбили-заушки-рубела (МРП) и нејзината поврзаност со аутизмот.

Научникот, д-р Вилијам Томпсон, призна дека ЦКБ ги испуштила клучните податоци во нивниот конечен извештај кои откриле причинско-последична врска помеѓу МРП вакцината и аутизмот. Во текот на неколку месеци, д-р Хукер ги снима телефонските повици што му ги упатил д-р Томпсон кој ги обезбедува доверливите податоци уништени од неговите колеги во ЦКБ.
Д-р Хукер бара помош од д-р Ендрју Вејкфилд, британскиот гастроентеролог лажно обвинет дека го започнал антивакциналното движењето, кога првпат, во 1998 година, пријавил дека вакцината МРП може да предизвика аутизам.

Во својот тековен напор да се залага за здравјето на децата, Вејкфилд го режира овој документарец кој ги испитува доказите зад ужасното прикривање извршено од владината агенција задолжена за заштита на здравјето на американските граѓани.

Интервјуата содржани во филмот, со фармацевтски инсајдери, лекари, политичари и родители на деца повредени од вакцини - откриваат алармантна измама што придонесе за вртоглаво зголемување на аутизмот и потенцијално најкатастрофалната епидемија во нашиот живот.

Ако прикрилие и уништиле податоци конкретно за оваа студија, за што уште нѐ лажеа?
За што уште нѐ лажат?

Прочитајте повеќе:https://vaxxedthemovie.com/about/

Водечкиот адвокат на ICAN – Informed Consent Action Network, сведочеше пред Сенатот на Аризона, во Феникс.
Во ова видео тој говори за вакцината против пертусис и како таа делува на имунолошкиот систем на вакцинираните, и најважното дали ја врши добро рекламираната функција.

Студии од видеото:

112-годишна одисеја на пертусис и вакцините против пертусис - Направени грешки и импликации за иднината

The 112-Year Odyssey of Pertussis and Pertussis Vaccines-Mistakes Made and Implications for the Future

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/30793754/

Компонентите на ацелуларната вакцина против пертусис: Денес и утре

Acellular Pertussis Vaccine Components: Today and Tomorrow

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7349526/

Проф. д-р Владимир Трајковски гостуваше во емисијата „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија на 21.12.2023. Во емисијата на Сашо Тасевски, тој разговараше отворено на многу теми поврзани со актуелните здравствени и политички случувања, како и за аутизмот кој е центарот на неговата професионална кариера.
Целата емисија можете да ја видите овде: https://youtu.be/uLkCQONZhog?si=uDAlAnJxc4C4CPP5

Д-р Владимир Трајковски е роден во Скопје, Македонија во 1968 година.
Редовен професор по Хумана генетика, Медицински основи на инвалидноста, Физиологија и функционална анатомија, Аутистичен спектар на нарушувања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, каде работи повеќе од 20 години во рамките на Филозофскиот факултет, Институт за специјална едукација и рехабилитација.
Тој е основач и претседател на Македонското научно здружение за аутизам од 2005 година. Предава на додипломски и постдипломски студии во рамките на Универзитетот и ги надгледува докторските и магистерски студии во Македонија. Предметот Аутизам во постдипломските наставни програми на Филозофскиот факултет беше воведен од него во 2004 година. Тој има објавено бројни публикации за аутистичниот спектар на нарушувања и беше главен уредник на списанието за „Дефектолошка теорија и практика“ од ноември 2008 до септември 2017 година. Од април 2018 година, тој е главен уредник на списанието за ReAttach терапија и развојни различности.
Неговиот интерес за истражување е генетски и физиолошки аспекти на нарушувањата од спектарот на аутизам, но тој има објавувано и во областа на хуманата генетика и медицинските аспекти на инвалидноста.
Неговите најважни дела вредни да се споменат: „Прирачник за хумана генетика“ (2003), монографијата „Аутизам“ (2004), учебниците „Хумана генетика“ (2005), „Медицински основи за инвалидноста (2008)“ Физиологија и функционална анатомија (2009), „Аутизам и первазивни развојни нарушувања (2011), „Хумана генетика и физиологија“ (2018). За неговиот голем ангажман во областа, беше награден во ноември 2018 година, како еден од најдобрите научници во 2017
година во областа на медицината и здравствените науки на УКИМ.Последна книга му е „Физиолошка психологија“.
Има објавено над 100 трудови во домашни и меѓународни списанија.
Посетете го неговиот Youtube канал, Facebook, Тwitter, Linkedin или Instagram профил.

Ни беше особена чест што присуствуваше на нашата научна конференција „Вакцините во 21-ви век, предизвици со кои се соочуваме“, која се одржа во Јавна соба, од 20-21.9.2019 година.
Д-р Трајковски говореше на темата: „Дали вакцините имаат улога во настанувањето на регресивната форма на аутизамот?
Неговот излагање можете да го погледнете овде: https://youtu.be/dedTLpFtlPs?
si=6i9mNuUh6P0q00iu

Дали вакцината навистина нѐ спаси?
Дали доволно беше истражена вакцината против корона вирусот?
Дали зголемениот број на смртни случаи кај спортистите е поврзан со корона вакцината?
За негативните ефекти од вакцината, за природниот имунитет наспроти индуцираниот од вакцини, за манипулацијата со податоците, за сертификатите и забраната на влез на невакцинираните во одредени објекти за време на пандемијата...

Проф. д-р Владимир Трајковски гостуваше во емисијата „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија на
21.12.2023. Во емисијата на Сашо Тасевски, тој разговараше отворено на многу теми поврзани со
актуелните здравствени и политички случувања, како и за аутизмот кој е центарот на неговата
професионална кариера.
Целата емисија можете да ја видите овде: https://youtu.be/uLkCQONZhog?si=uDAlAnJxc4C4CPP5
Д-р Владимир Трајковски е роден во Скопје, Македонија во 1968 година.
Редовен професор по Хумана генетика, Медицински основи на инвалидноста, Физиологија и
функционална анатомија, Аутистичен спектар на нарушувања на Универзитетот Свети Кирил и
Методиј, каде работи повеќе од 20 години во рамките на Филозофскиот факултет, Институт за
специјална едукација и рехабилитација.
Тој е основач и претседател на Македонското научно здружение за аутизам од 2005 година. Предава
на додипломски и постдипломски студии во рамките на Универзитетот и ги надгледува
докторските и магистерски студии во Македонија. Предметот Аутизам во постдипломските
наставни програми на Филозофскиот факултет беше воведен од него во 2004 година. Тој има
објавено бројни публикации за аутистичниот спектар на нарушувања и беше главен уредник на
списанието за „Дефектолошка теорија и практика“ од ноември 2008 до септември 2017 година. Од
април 2018 година, тој е главен уредник на списанието за ReAttach терапија и развојни
различности.
Неговиот интерес за истражување е генетски и физиолошки аспекти на нарушувањата од спектарот
на аутизам, но тој има објавувано и во областа на хуманата генетика и медицинските аспекти на
инвалидноста.
Неговите најважни дела вредни да се споменат: „Прирачник за хумана генетика“ (2003),
монографијата „Аутизам“ (2004), учебниците „Хумана генетика“ (2005), „Медицински основи за
инвалидноста (2008)“ Физиологија и функционална анатомија (2009), „Аутизам и первазивни
развојни нарушувања (2011), „Хумана генетика и физиологија“ (2018). За неговиот голем ангажман
во областа, беше награден во ноември 2018 година, како еден од најдобрите научници во 2017
година во областа на медицината и здравствените науки на УКИМ. Последна книга му е
„Физиолошка психологија“.
Има објавено над 100 трудови во домашни и меѓународни списанија.
Посетете го неговиот Youtube канал, Facebook, Тwitter, Linkedin или Instagram профил.

Ни беше особена чест што присуствуваше на нашата научна конференција „Вакцините во 21-ви
век, предизвици со кои се соочуваме“, која се одржа во Јавна соба, од 20-21.9.2019 година.
Д-р Трајковски на конференцијата даде опсежен одговор на прашањето: „Дали вакцините имаат
улога во настанувањето на регресивната форма на аутизамот?

Неговот излагање можете да го погледнете овде: https://youtu.be/dedTLpFtlPs?
si=6i9mNuUh6P0q00iu

Дали генетската предиспозиција е основа за вакцините да бидат тригер за регресија?
Дали имаме потреба од персонализирана медицина?
Дали секој лек е за секого?
Дали аутистичните деца треба да бидат вакцинирани?
Дали има одговорност доколку вакцина предизвика штета?
Дали можеме слепо да веруваме на СЗО и на фарм?

Д-р Сузан Хемфрис, во ова предавање го предизвикува наративот дека науката е решена во однос на вакцинацијата и ја анализира потребата сите да сме вакцинирани, од колевка до гроб.

Зборува за пертусисот и болеста предизвикана од бактеријата – голема кашлица, дали стапката на смртност и случаи се намалила благодарение на вакцините.

Дали желбата да се искорени пертусисот со вакцината се остварила, со оглед на тоа дека болеста циклично се јавува, впрочем како и останатите детски болести? Дали тоа било оправдана цел за воведување на вакцината?


За историјата на вакцината против пертусис, за проблемите со старата целуларна вакцина, но и за поновата ацелуларна вакцина. Кои проблеми се јавуваат кај вакцининираните, колку долго трае имунитетот од вакцината, но и колку всушност знаеме за имунолошкиот систем на човекот.

За придонесот на оваа вакцина во личната заштита, но и во колективниот имунитет.
Дали зголемениот број на антитела после вакцинацијата, значи и заштита на вакцинираните?
Каков вид на антитела се формираат после природна инфекција, а какви после вакцинација?

Дали формирањето на специфични антитела после вакцинацијата придонесува за појава на понатамошни алергии?

За конвенцијалните третмани на пертусис и како влијаат на опоравувањето, но и на понатамошното „подесување“ на имунитетот предизвикан од антибиотиците.

За мутираните соеви кои ги предизвикува вакцината и нивното влијание на целокупниот број пријавени случаи.

Посебен осврт дава на препораките за вакцинирање на бремените мајки и имунитетот кај новороденчињата.

Сите ставови и тврдења што ги изнесува д-р Сузан Хемфрис се поткрепени со постоечка рецензирана литература, која можете и сами да ја проверите, внесувајќи го наведениот PMID број на секоја студија на страната на Националната библиотека за медицина - PubMed.

Д-р Сузан Хемфрис има третирано стотици новороденчиња, деца но и возрасни од голема кашлица. Таа има развиено и сопствен протокол со кој се олеснува текот на болеста.

Задолжително видео за сите оние кои сакаат подобро да се информираат за големата кашлица и вакцината против пертусис, и да проверат дали навистина науката е востановена и решена.

Во опсежно интервју за The Epoch Times, адвокатот на ICAN – Арони Сири зборуваше и за клиничките испитувања на вакцините против хепатит Б, кои се даваат во три дози почнувајќи од денот на раѓање.

Според Сири, клиничките испитувања дизајнирани да ги заштитат новороденчињата вклучиле само 434 дози Recombivax HB дадени на 147 здрави доенчиња и деца до 10-годишна возраст, а овие деца биле следени само пет дена по секоја доза.
Со други зборови, тестирањето беше направено не само на доенчиња, туку и на постари деца чиј имунолошки систем е многу различен од оној на новороденчето. Дополнително, имало само 147 доенчиња и деца - вкупно, вклучени во три клинички студии, што значи дека имало многу помалку доенчиња кои ја примиле вакцината пред да биде пуштена и одобрена во детскиот распоред за вакцини.
Ако сакате подетално да ги погледнете клиничките испитувања и информациите за сите вакцини, можете да пребарате „FDA vaccines licensed for use in the United States“. Тоа ќе ве доведе до страна на веб-страницата на FDA со список на сите имиња на производи и трговско име. Кога ќе кликнете на специфична врска за вакцина, ќе ве однесе до страницата на FDA за вакцината на која ќе најдете врска за упатството. Како што опишува Сири, делот 6.1 од секое упатство во пакувањето вклучува информации за клиничките испитувања што АХЛ ги користела за одобрување на вакцина.
Вкупно има четири вакцини против хепатит Б одобрени за употреба, но само две се одобрени за употреба кај доенчиња - Recombivax HB произведена од Merck и Engerix-B од GlaxoSmithKline Biologicals. Според упатството, најчесто пријавените несакани реакции вклучуваат треска од над 38 степени, дијареа, замор и слабост, намален апетит и ринитис. Сири, исто така, забележува дека нема индикации дека има контролна група во студиите. Тој го споредува недостигот на податоци во клиничките испитувања за Recombivax HB даден на новороденчиња со вакцините за КОВИД-19 кои беа лиценцирани по забрзана постапка. Споредбено, студиите за КОВИД-19, за кои знаеме дека не биле соодветни, изгледаат восхитувачки.
На пример, Сири забележува дека инјекцијата за COVID-19 имала шестмесечни податоци за безбедноста, додека за вакцината Recombivax HB ги следеле децата само пет дена. Испитувањата за COVID-19 вакцината на Pfizer вклучија 46.331 учесник во клиничко испитување од Фаза 3, додека Recombivax HB тестираше само 147 доенчиња и деца. И, особено, „се чинеше дека нема контролна група за вакцината против хепатит Б“, вели Сири. „И дури и да имало, што ќе правите со податоците за 147 деца? Верувајќи дека ова можеби е грешка, групата на Сири поднесе Барање според Законот за слобода на информации, за студиите што АХЛ ги користела за одобрување на Recombivax HB. Податоците потврдија дека следењето за безбедноста се случувало само пет дена откако биле дадени инјекции на новороденчиња, на 1-месечни и 6-месечни бебиња.
GlaxoSmithKline Biologicals беше уште полош, бидејќи за Engerix-B вакцината следењето за безбедноста траеше само четири дена:
„Ова се единствените две вакцини што може да ги добие новороденчето во Америка“, вели Сири.
„Тоа е првата инјекција што ја добиваат во животот. Значи, би рекол дека смешно може да биде премногу мека придавка за да се опише тој период на преглед на безбедноста“.
Во име на ICAN, фирмата на Сири поднесе петиција до FDA со барање за или соодветно клиничко испитување за да се утврдат несаканите ефекти и ефикасноста или повлекување на лиценцата на Мерк. Според законот, АХЛ имаа рок од шест месеци да одговорат на таквото барање кое, според Сири, е истечено. Откако не добија формален одговор од АХЛ, планот е да ја тужи АХЛ пред федералниот суд за ова прашање.

„Големото будење“ е третото продолжение од серијалот ПЛАНДЕМИЈА. Ова документарно искуство ги монтира забранетите парчиња од загатката за да ја открие големата слика за она што навистина се случува во Америка и пошироко. „Големото будење“ е наменето да биде светилник кој ќе нѐ извади надвор од бурата и ќе нѐ одведе во посветла иднина.
Во овој дел од документарниот серијал Мики Вилис истражува теми поврзани со КОВИД-19, Светскиот економски форум и слободата на говорот.
Дали сме подложни на масовна психоза?
Дали стравот се користи како средство за остварување конкретни цели?
Дали постои пврзаност помеѓу комунизмот, социјализмот, фашизмот, нацизмот?
Дали дојде време кога голем дел од населението се разбуди и нештата ќе почнат да се менуваат?

Режисер на филмот е Мики Вилис кој е основач на Elevate, продукциска компанија со мисија. Elevate е една од најплодните креатори на општествено свесни медиуми. Како филмаџија, на Вилис му е даден редок пристап до умовите и срцата на светски познати филозофи, научници, физичари, лекари, автори, шамани и експерти за човечки развој. Како режисер, тој има водено бројни наградувани продукции, вклучувајќи театарски филмови, телевизиски продукции, реклами и музика. Тој е ко-автор на програма за комбинирано учење за Харвард Вестлејк која моментално се интегрира во наставната програма на 3500 средни училишта. Во 2014 година тој беше ко-режисер на документарниот филм „Неврони до нирвана: Разбирање на психоделични лекови“. Во 2015 - 2016 година, Мики го завршува „Биди храбар“, неговиот најнов долгометражен документарен филм.

Првиот дел од овој серијал е со наслов: ПЛАНДЕМИЈА: СКРИЕНАТА АГЕНДА ПОЗАДИ КОВИД-19. Тој стана вирален и беше отстранет од повеќе онлајн платформи, а можете да го погледнете со македонски превод на следниот линк https://www.bitchute.com/video/T5VdJSpD8Sjo/
Вториот дел од серијалот е со наслов ПЛАНДЕМИЈА 2 – ИНДОКТРИНАЦИЈА.

Светски познати лекари и научници се собраа во Европскиот парламент на 3 мај 2023 година за да разговараат за најновите податоци во врска со Ковид.

Д-р Винсент Павон е математичар и професор на Универзитетот Франција. Говореше за статистичките податоци во однос на наводниот вишок на смртни случаи од КОВИД, но исто така и говореше за корелацијата меѓу вишокот на смртни случаи со отпочнувањето на вакцинацијата. Тој истакна дека стапката на смртност во Франција, во 2020 година е еднаква на стапката на смртност во 2015 година и дека КОВИД 19 не е „полош“ од вообичаениот грип, а дека смртните случаи се должат на закаснетата медицинска грижа, наредбата „остани дома“, употребата на неадекватни лекови....
Во однос на КОВИД инјекциите и податоците од VAERS, тој истакна:

„И штом сфатите дека помеѓу 1990 и 2020 година, земајќи ги предвид сите вакцини, за околу 30 години имало околу 11 000 декларации на смртни случаи по вакцинацијата,
но само во 2021 и 2022, само за КОВИД вакцините имало 16 000 декларации за смрт. Ова значи дека потенцијално, вакцините против Ковид-19 се илјада пати посериозни, од која било друга вакцина“.

Светски познати лекари и научници се собраа во Европскиот парламент на 3 мај 2023 година за да разговараат за најновите податоци во врска со Ковид.

Д-р Рајан Кол е патолог и разговараше за пандемијата на КОВИД, но и за она што го гледа во својата пракса и во праксата на колегите, по воведувањето на експерименталната мРНК инјекција. Разговараше за тоа колку време останува мРНК-та во човековиот организам, но и за механизите за поттикнување на рак, како и оштетувањето на самиот имунолошки систем, индуцирани од долгото присуство на шилестиот протеин. За состојките во одредени инјекции, за умирањето на слободата на говорот и науката каква што ја познававме.
На крајот тој заврши:
„Постојат два начина да бидете измамени: едниот е да верувате во она што не е вистина,
другиот е да одбиете да верувате во она што е вистина“.

Поранешниот директор на ЦKB, д-р Роберт Редфилд, неодамна сведочеше пред Избраниот комитет за пандемијата на коронавирус на САД.

Тој сведочеше за придобивките, но и ризиците од GoF истражувањата како и за дебатата околу потеклото на САРС-КоВ-2 вирусот и детално опиша на што бил сведок во почетокот на 2020 година, кога според официјалниот наратив започна КОВИД-19 пандемијата.

Неговите сведоштва се ништо помалку од историски.

Проследете дел од неговото сведоштво во видеото.

GoF истражување според Википедија претставува:
„Истражување за добивка на функција (GoF истражување или GoFR) е медицинско истражување кое генетски го менува организмот на начин што може да ги подобри биолошките функции на генските производи. Ова може да вклучува изменета патогенеза, преносливост или опсег на домаќинот, т.е. типови на домаќини што може да ги инфицира микроорганизмот. Ова истражување има за цел да открие цели за подобро предвидување на новите заразни болести и да развие вакцини и терапевтски средства.

На пример, грипот Б може да зарази само луѓе и фоки. Воведувањето на мутација што ќе овозможи инфлуенца Б да зарази зајаци во контролирана лабораториска ситуација ќе се смета за експеримент со добивка на функција, бидејќи вирусот претходно ја немал таа функција. Тој тип на експеримент потоа може да помогне да се открие кои делови од геномот на вирусот одговараат на видовите што тој може да ги зарази, овозможувајќи создавање на антивирусни лекови кои ја блокираат оваа функција.

Во вирологијата, истражувањето за добивка на функција обично се користи со намера подобро да се разберат сегашните и идните пандемии. Во развојот на вакцините, истражувањето за добивка на функцијата се спроведува со надеж дека ќе се добие главен почеток за вирусот и ќе може да се развие вакцина или терапевтски лек пред тој да се појави. Терминот ‘добивка на функција’ понекогаш се применува потесно за да се однесува на ‘истражување кое би можело да му овозможи на патогенот со потенцијал за пандемијата да се реплицира побрзо или да предизвика поголема штета кај луѓето или другите блиски цицачи’.

Некои форми на истражување за добивка на функција (конкретно работа која вклучува одредени патогени агенси) носат есенцијални биосигурности и биосигурни ризици, и затоа се нарекуваат и како истражувања со загриженост за двојна употреба (DURC]. За да се ублажат овие ризици додека се дозволуваат придобивките од таквото истражување, различни влади наложија експериментите DURC да бидат регулирани под дополнителен надзор од институциите (т.н. институционални комитети „DURC“) и владини агенции (како што е Соведтодавниот комитет за рекомбинантна ДНК на НИЗ – САД и Координативната група за двојна употреба на ЕУ.“

На 17.03.2023 г. во НУ Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 19:00 часот се оддржа четвртата по ред трибина во организација на Фондацијата Елеуса. Темата на оваа трибина беше зошто не за сеопфатното сексуално образование во училиштата, како родовата идеологија се пропагира преку ССО и што тоа значи за психо-физичкиот развој на децата.

Проф. д-р Андоновски кажа дека денеска постои извртување на вредностите и наместо сексот да биде круна на љубовта, тој се става како центар и почеток на една врска.

Линк до целата трибина https://www.youtube.com/watch?v=aAL95EtuxKI

На 17.03.2023 г. во НУ Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 19:00 часот се оддржа четвртата по ред трибина во организација на Фондацијата Елеуса. Темата на оваа трибина беше зошто не за сеопфатното сексуално образование во училиштата, како родовата идеологија се пропагира преку ССО и што тоа значи за психо-физичкиот развој на децата.

Епископот Јаков отворено ја разобличи транс активистката Ирена Цветковиќ и останатите ЛГБТИ+ активисти и организации, како и нејзината агенда за индоктринирање и сексуализација на децата. Тој посочи дека крајната цел на родовата идеологија и секуализацијата на децата е веќе видлива - нормализирање и озаконување на педофилијата.

Меѓутоа, крајната порака беше дека не се предаваме и нема да дозволиме да ги злоупотребуваат нашите деца. Платеници што одработуваат за пари никогаш не можат да ја победат љубовта што родителите ја имаат за своите деца, затоа и ќе победиме!

Линк до целата трибина https://www.youtube.com/watch?v=aAL95EtuxKI

На 17.03.2023 г. во НУ Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 19:00 часот се оддржа четвртата по ред трибина во организација на Фондацијата Елеуса. Темата на оваа трибина беше зошто не за сеопфатното сексуално образование во училиштата, како родовата идеологија се пропагира преку ССО и што тоа значи за психо-физичкиот развој на децата.

Гордана Гоџо стави акцент на тоа дека родителите се движечката сила во борбата против злото на родовата идеологија и мора активно да се вклучат во училишните совети на родители и други тела, каде ќе можат да вршат влијание врз образованието на своите деца.

Меѓутоа, крајната порака беше дека не се предаваме и нема да дозволиме да ги злоупотребуваат нашите деца. Платеници што одработуваат за пари никогаш не можат да ја победат љубовта што родителите ја имаат за своите деца, затоа и ќе победиме!

Линк до целата трибина https://www.youtube.com/watch?v=aAL95EtuxKI

The Informed Consent Action Network (https://icandecide.org/ ) го финансираше својот главен адвокат, Арон Сири да учествува во случај каде родителите тврдат дека наводно нивното дете добило аутизам после вакцинација.

На ова судење се појавија многу водечки експерти од областа на вакцините, како и педијатри кои сакаа да докажат дека вакцините не предизвикуваат скоро никакви несакани реакции.

Еден од педијатрите кој сведочеше на судењето е д-р Рејчел Мејс, која обучува педијатри како вонреден професор по Клиничка педијатрија во детската болница Вандербилт.

Арон Сири ја испраша за многу теми во врска со вакцинацијата. Во овој сегмент тој ја испрашува д-р Мејс за лиценцирањето, пуштањето во употреба на вакцината Превнар, а следствено на тоа и Превнар 13 (против пневмкокни инфекции).

Иако станува збор за вакцината Превнар, пуштањето во употреба на останатите вакцини е со сличен тек - ниту една вакцина не е тестирана за безбедноста наспроти инертна материја како солен плацебо! Ниту една вакцина не е набљудувана долгорочно!

Како всушност педијиатрите знаат дека е безбедна?

Целосната снимка можете да ја погледнете овде:
https://thehighwire.com/videos/the-cross-examination-of-pediatrician-dr-rachel-mace/

Секогаш кога посетиме педијатар или лекар, не се пропушта шанса да нѐ заплашат со добро познатите наративи кои се дел од „Библијата на вакцините“.
За да ја оправдат употребата на вакцината против морбили најчести точки се следниве:
-Спречување на смрт од морбили;
-Да се намали сериозноста на морбилите кај вакцинираните лица;
-Да се заштитат децата и возрасните со рак;
-Да се запре ширењето на морбилите;
-Да се спречи субакутен склерозирачки паненцефалитис;
-Да се спречат секундарни инфекции како пневмонија;
и да се заштитат малите бебиња.
Д-р Хемфрис направи анализа на сите овие точки, подржани со достапната рецензирана литература, како и запишаните историски факти.
Исто така, даде посебен осврт на колективниот имунитет:
-Што претставувал, а што претставува денес колективниот имунитет индуциран од вакцините?;
-Дали може да се постигне со вакцините?
За ова и многу повеќе за морбилите, дознајте во видеото.

Кои сѐ алуминиумови соединенија се користат во вакцините?
Кои несакани реакции можат да ги предизвикаат овие адјуванси?
AAHS - што претставува аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат?
Кои се неговите својства?
Во кои вакцини се користи денес, а во кои вакцини се користел порано без да биде соодветно наведен на упатствата на вакцините?
Зошто Мерк не дозволува никој да го истражи нивниот „комерцијален“ , сопствен адјувант?

Кристофер Ексли е англиски хемичар, кој над 35 години ги истражува здравствените ефекти од изложеноста на алуминиум. Има објавено над 200 студии за токсичноста на алуминиумот, а следствено и силициумот.
Беше професор по биоорганска хемија и лидер на групата во Лабораторијата за биоорганска хемија на Универзитетот Кил. Има добиено доста награди и признанија за својата работа.

Свооето долгогодишно искуство и истражување од областа алуминиумот, го круниса со неговата книга Замислете дека сте атом на алуминиум (https://www.amazon.com/Imagine-You-Are-Aluminum-Atom/dp/1510762531) , во која дискутира за научните откритија, но и за влијанието на индустријата за алуминиум врз науката во „ерата на алуминиумот“.

Во ова предавање д-р Кристофер Ексли покрај неодамнешните студии, говори и општо за алуминиумовите адјуванси кои се користат до денес.
„Не постојат клинички одобрени/истражувани алуминиумови адјуванси! – Постојат клинички одобрени вакцини!
Безбедноста на алуминиумските адјуванси се проценува заедно со безбедноста на вакцините!
Безбедноста на вакцините не се проценува со споредба со инертно плацебо, туку со алуминиумов адјувант или друга вакцина!“

Но, што знаеме за овие адјуванси? Како функционираат?
Што се случува кога некој од најчесто користените алуминиумови адјуванси се инјектира во телото?
Како се менуваат нивните својства?
Дали остануваат локализирани на местото на убодот?
За методите на анализа на присуството на алуминиум во мозокот, ефектите од алуминиумот и многу повеќе дознајте во ова одлично предавање на Mr. Aluminium.

МЕХАНИЗМИ НА ПОВРЕДА ОД ХПВ ВАКЦИНАТА

„Under the Skin“, на научниот новинар Берт Ехгартнер, ги разгледува истражувањата за соединенијата на алуминиум – додадени „експериментално“ на вакцините пред речиси 100 години  и релативно новото „екстра-силно“ алуминиумско соединение – аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат (AAHS), користен во вакцината Гардасил за хуман папиломавирус (ХПВ).
Врската помеѓу алуминиумот и несаканите ефекти што ги доживеаја илјадници девојчиња по примањето на ХПВ вакцината беше игнорирана сѐ додека тим од дански лекари не собра десетици случаи и не испрати безбедносно предупредување до Европската агенција за лекови (ЕМА).
Во филмот, се претставени повеќе случаи на девојки повредени од Гардасил, (ХПВ вакцината на Мерк) за време на клиничките испитувања на вакцината.
Во филмот се појавува д-р Јеспер Мелсен, лекар и раководител на одделот на Клиник Мелсен во Фредериксберг, Данска. Тој е еден од единствените лекари во светот кои лекувале жени повредени од вакцината против ХПВ. Во 2011 година, Мелсен ги видел своите први неколку пациенти кои развиле чудни симптоми, вклучувајќи несвестица, зголемени отчукувања на срцето и други, откако ја примиле вакцината против ХПВ.
До 2015 година, Мелсен и неговиот тим имаа приближно 800 пациенти кои беа упатени за можни несакани ефекти од вакцината против ХПВ – бидејќи тој и неговиот тим „интензивно го проучуваа ова“. Мелсен рече дека клиниката морала да формира специјален центар за поплаки по вакцинацијата против ХПВ за да се справи со „големиот налет на поплаки“ поврзани со вакцината.
Речиси сите современи болести имаат потекло од нарушениот имунолошки систем, според документарецот, кој сугерира дека алуминиумските адјуванти во вакцините се едно објаснување за несаканите настани пријавени по вакцинирањето, како што е вакцината за ХПВ.
„Адјувансите на алуминиум се причина за загриженост“, се вели во документарецот.
Документарецот исто така, следи шпански научник кој направил експеримент споредувајќи ги овците на кои им била вбризгана вакцина, алуминиумско соединение или плацебо. Овците кои примиле вакцина и алуминиум покажале ненормално однесување. На пример, ја отстранувале волната од другите овци, глодале метални огради, не бегале од луѓето, изгледале под стрес, биле фрустрирани и дезориентирани и изгубиле тежина. Многумина од нив умреле.
Овците што примиле плацебо делувале нормално.
„Алуминиумските соединенија се користат со години, но никогаш не биле тестирани со современи методи – и сега потенцијално уште потоксично алуминиумско соединение се користи во вакцината за ХПВ“, се вели во документарецот.

Informed Consent Action Network (icandecide.org) го финансираше адвокатот Арон Сири, за да го изнесе на сведочење и подоцна вкрстено да го испита водечкиот светски вакцинолог, д-р Кетрин Едвардс во 2020 година. Во текот на повеќе часовното вкрстено испрашување таа даде шокантен одговор на прашањето; „Дали испитувањата на детските вакцини го поддржуваат тврдењето на ЦКБ дека вакцините не предизвикуваат аутизам? Без оглед на вашиот став за прашањето за вакцините и аутизмот, нејзиниот одговор мора да се види.

Извор: https://thehighwire.com/videos/top-vaccinologist-clinical-trials-fail-to-support-claim-vaccines-do-not-cause-autism/

Националниот информативен центар за вакцини од САД (NVIC), ја одржа својата 5-та меѓународна јавна конференција за вакцинацијата, во октомври 2020 година.
Проф. д-р Кристофер Ексли, имаше презентација на тема „Токсичноста на алуминиумот и здравјето на луѓето“.
Д-р Кристофер Ексли е познат како Mr. Aluminum, поради својата работа од над 35 години во полето на алуминиумот и неговите својства.
Говореше за претходните и сегашните трудови поврзани со алуминиумот во, како што тој ја нарекува – ерата на алуминиумот. За невротоксичните својства на алуминумот, начинот на кој стигнува во мозокот и можните врски со аутизмот, Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
Извор:https://www.youtube.com/watch?v=fUlokPjSUSw

Д-р Сузан Хемфрис е нефролог, која случајно ја открива не така убавата страна на вакцините, кога забележува дека после вакцинацијата за грип, многу од нејзините пациенти доживувале откажување на веќе болните бубрези.
Откако ја напушта медицинската пракса има напишано неколку книги и својот живот го посветува на истражувањата околу безбедноста и ефикасноста на вакцините.
Повеќе за д-р Сузан Хемфрис прочитајте овде: https://drsuzanne.net/

Заедно со Поли Томи, беа на турнеја низ САД наречена Вакцинирани (Vaxxed) по истоимениот документарен филм (https://vaxxedthemovie.com/) , при која снимија многу сведоштва за последиците од вакцините.

Видеото е анализа на упатството на вакцината против ХПВ – Гардасил.
За можните несакани реакции, за пред клиничките и клиничките испитувања на Гардасил, за процесот на одобрување на Гардасил 9, нејзиниот состав и многу повеќе, дознајте во видеото.

Д-р Луција Томљеновиќ докторирала во 2009 година по биохемија во Центарот за компаративна геномика на Универзитетот Џејмс Кук во Таунсвил, Австралија.

Во 2010 година, таа се приклучи на Истражувачката група за невронска динамика на Универзитетот во Британска Колумбија (лабораторијата на д-р Крис Шо) и ги истражуваше невротоксичните ефекти на алуминиумовите адјуванти содржани во вакцините. Томљеновиќ подоцна стана вонреден уредник на Весникот за Алцхајмерова болест.

Д-р Меркола ја интервјуираше д-р Луција Томљеновиќ во 2015 година за објавените студии на нејзиниот тим во однос на невролошките ефекти на алуминиумовите адјуванси.

Тие изведоа експерименти кај глувци со инјектирање на алуминиумов адјувант, во количина администрирана кај доенчињата и календар на вакцинирање (до 18 месечна возраст), адаптиран на возраста и тежината на глувците. Потоа ги набњудуваа за невроразвојни нарушувања и маркерите за истите.

Резултатите беа до некаде очекувани, но после 2 години успеаја да им го повлечат трудот:
„Оваа статија е повлечена на барање на главниот уредник и авторите, поради докази за неточни податоци. Податоците од гел сликите, во неколку слики (сл. 2А и Ц и слика 4 А, Б, Ц и Г) се погрешно прикажани. Со оглед на тоа што авторите повеќе не можат да пристапат до оригиналните гелови и би било неопходно повторно да се направат експериментите, се заклучува дека податоците и резултатите презентирани во овој труд очигледно не се веродостојни.“

Иако забелешките се дискутабилни, зошто никој не го повтори истражувањето со цел да се расчистат сите дилеми?
За начинот на изведување и фининасирањето на студиите, за корпуцијата во науката...

Тие разговараа и за алуминиумовиот адјувант во ХПВ вакцините, како и за ефектите и несаканите настани по воведувањето на ХПВ вакцината и можните механизми на повреда.

Во однос на алуминиумовите адјуванси користени повеќе децении во вакцините, д-р Томљеновиќ рече:

„Документ од 2002 година, од Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA), во кој се дискутира за проценката на состојките на вакцините и тестирањето конкретно на животински модели, потврди дека рутинските студии за токсичност кај животни со состојки на вакцините не се спроведени бидејќи се претпоставувало дека овие состојки се безбедни. …Кога го прочитав ова се шокирав мислејќи: ‘Значи, ова е вашиот неоспорен доказ за безбедноста?’…овие документи никогаш не стигнаа до главните мејнстрим медиуми. Тоа е само лага овековечена одново и одново, дека ние ги користиме овие работи повеќе од девет децении и е докажано дека е безбедно.
Не! Се претпоставува дека е безбедно“.

SHOW MORE

Created 3 years, 11 months ago.

143 videos

Category None

Ремдесивир геноцид - и како да се лекувате од ковид или вакцина бесплатно