Сеопфатно сексуално образование
Листа со видеа од која можете да добиете повеќе информации за сите теми кои се поврзани со она што се нарекува сеопфатно сексуално образование (ССО). Преку видеата ќе научите за опасноста од ССО и неговите последици, како ССО е поврзано со транс-родовата идеологија, дали е штетно за децата, кои организации се вклучени во негова промоција и за криминалната историја на главниот промотор.
Во 8-минутна компилација од гостувањето во емисија „Јади бурек“, претседателот на Здружението за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС дава одговори на следните прашања:
- Зошто Здружението ја обработува темата за родово-сензитивно образование и од него поширокото сепфатно сексуално образование (ССО);
- Зошто и како ССО делумно станува задолжителен елемент во сите одделенија на основното образование;
- Што промовира родовата сензитивност/рамноправност која е дел од новата Концепција за основно образование?
Целото видео може да го погледнете на следниот линк: https://www.bitchute.com/video/AxOCa3uFYfxa/
На 24 јуни 2021 година, д-р Гросман го одржа првото предавање за македонската публика на тема „Вистината за родот“ во организација на Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС и граѓанската иницијатива Преземи одговорност.
д-р Гросман е еминентен доктор од Америка, специјализиран за психијатрија и суб-специјализиран за детска психијатрија. Таа исто така има остварено работен стаж од областа на педијатрија во болницата Бет Израел во Њујорк. Значи, самото ова веќе доволно зборува за тоа каков профил на доктор нè почестува со нејзиното присуство за македонската јавност. Но, тоа што е можеби уште позначајна од нејзините стручни квалификации за тоа како сега д-р Гросман стигнала да зборува за родовите идеологии е нејзиното искуство како доктор во студентските советодавни служби на Универзитетот во Калифорнија. д-р Гросман преку директен контакт со студентите и решавајќи ги нивните проблеми стигнала до информации за она што денес има обид да ни се наметне нам родителите, односно Сеопфатното Сексуално Образование, а со тоа и родово-сензитивното образование кое претставува само една од компонентите на Сеопфатното Сексуално Образование. Согледувајќи ги последиците врз децата од идеите кое ги промовира овој тип на „образование“ д-р Гросман напишала дури и книга за нејзиното искуство, за потоа да стане гласен активист против овој вид образование.
Вака д-р Гросман го започна првото предавање на тема „Вистината за родот“:
„Овде сум да ве предупредам, во најсериозна смисла на зборот, дека родово-сензитивниот тренинг, како што е дизајниран од IPPF, е опасен за најголемиот дел од децата и семејствата.
Кога дипломирав на медицинскиот факултет, дадов заклетва. Застанав, ја кренав мојата десна рака и се заколнав дека ќе превенирам болести секогаш кога ќе имам можност за тоа. Во тоа време претпоставував дека моите големи битки во медицината ќе бидат против ракот, срцевите болести, шизофренијата. Но, после искуство во медицината од 30 години, сега сфаќам дека мојата најголема борба во мојата кариера, не е против опасни болести, туку против опасни идеи.
Една од таквите опасни идеи е дека полот е независен од биологијата. Нам ни е кажано, а и вашите деца ќе бидат образувани во тој дух преку родово-сензитивното образование, дека полот (да се биде момче или девојче) не е определен од хромозомите или анатомијата, туку дека е определен од чувствата. Родовата сензитивност ќе ги учи децата дека тие се оној кој тие мислат дека се. И дека тоа е она што е важно, нивните мисли и чувства. А не нивната биологија. И не нивното физичко тело“.
Во ова предавање д-р Гросман зборуваше за почетоците и историјата на концептот на „род“, зошто родовата теорија е погрешна, зошто фразата „полот кој е доделен при раѓање“ е несоодветна...
Во ова видео д-р Гросман и ќе нè предупреди:
„... Како и да е, нам ни кажуваат и на вашите деца, ви ветувам дека ќе им биде кажано, доколку ја следат програмата за родовата сензитивност, дека родот е чувство. Родот е внатрешно искуство. На пет годишни деца во градинка ќе им биде кажано: „Ти можеби не си девојче". Ти можеби не си момче". Постојат цели научни трудови кои се полни со податоци спротивни на ова мислење ...“.
Во второто предавање д-р Гросман зборува за штетните последици од родово-сензитивното образование и како да се заштитиме.
- Што е тоа родова сензитивност?
- Што учат децата во родово-сензитивно образование?
- Што вели историјата и науката за овие концепти?
- Дали родовата сензитивност е дел од сеопфатното сексуално образование? итн.
Ова видео со наслов „IPPF е разоткриена: Најголемата опасност за децата и семејствата ширум светот“ е првото видео од серијата вебинари за изложување на IPPF, снимени од страна на организацијата: Меѓународен надгледувач на семејството или Family Watch International (FWI).
FWI е непрофитна интернационална образовна организација, формирана во 1999 година, која е дел од Обединетите Нации (со статус на консултант) и во земјите ширум светот има за цел да го промовира и зајакне семејството како основна единица на општеството.
Во ова видео ќе слушнете за контроверзното потекло и историја на IPPF, агендата на IPPF за сексуално и репродуктивно здравје и права (права на aбортус) кај децата, структурата на IPPF, глобалниот дострел, цели и финансии на IPPF.
Мислењето кое FWI го има формирано за работата на IPPF, во ова видео е изложено преку анализа на контроверзните елементи од програмите и документите на IPPF кои се јавно достапни на интернет и секој може да ги провери.
Извадок од видеото...
„Вели, „раните средби на младите со сексуалното задоволство кај младите се многу важни"!
Нека ви „легне" ова...
!!! РАНИТЕ СРЕДБИ НА МЛАДИТЕ СО СЕКСУАЛНОТО ЗАДОВОЛСТВО СЕ МНОГУ ВАЖНИ !!!
Да се осигураме дека сите млади разбираат дека имаат право на сексуално задоволство и како да доживеат различни форми на сексуално задоволство. Тоа е важно за нивното здравје и добробит. Сексуалноста и сексуалното задоволство се важни делови од човечкото битие, БЕЗ РАЗЛИКА НА ВОЗРАСТА!“
Во второто видео од серијалот видеа објавени од организацијата Family Watch International (FWI) на тема „Организацијата IPPF е разоткриена“, се зборува за:
1. Сеопфатното Сексуално Образование на IPPF (ССО) и агендите за Сексуалното и Репродуктивно Здравје (СРЗ) за децата, и
2. како IPPF го инфилтрира системот на ОН на штета на децата и семејствата ширум светот.
Само дел од работите кои ќе ги разберете од ова видео се:
• IPPF лобира кај владите на светско ниво да донесат задолжителни програми за ССО за сите деца. Па, тоа што ни се случува со ХЕРА и ССО не е случајност.
• IPPF смета дека законите кои ја криминализираат сексуалната активност помеѓу адолесцентите (деца од 10 години, па нагоре) можат да ги изложат адолесцентите на ризик...
• IPPF верува дека младите луѓе имаат право на сексуално задоволство во различни форми во кои се искусува сексуалното задоволство. И треба да им биде загарантиран пристап до хормонален третман за трансродова и интерсекс адолесценција, без потреба од согласност од родител, итн.
Ова видео е од огромно значење за македонската јавност со цел поблиску да се запознае со компонентите на Сеопфатното Сексуално Образование кое го промовира IPPF и начините на кои тоа го спроведува бидејќи IPPF делувајќи преку својата организација-членка ХЕРА, токму овој вид на образование го спроведе и во нашиот образовен систем преку новата Концепција за основно образование, и тоа како:
1. задолжително образование, преку имплементација на неговата РОДОВО-СЕНЗИТИВНА компонента „во сите предмети од наставната програма каде што е то а можно“, и
2. изборно образование, преку предметот СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ кој е понуден како изборен предмет,
За да го погледнете првото видео од серијалот видеа на FWI во кое го разоткриваат контроверзното потекло и историјата на IPPF за нивната Агенда за Сексуални Права/ Права на Абортус за децата и за структурата, глобалниот опсег, целите, финансиите и фондациите на IPPF пристапете на следниот линк
https://www.bitchute.com/video/owrTaAwgwzcw/
Сите вебинари од серијалот, на англиски јазик можете да ги погледнете на следниот линк https://familywatch.org/2021/02/10/plannedparenthood/#.YSeYPo4zaUk
Гордана Гоџо, - претседателот на Здружението за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС беше гостин во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.
Темата на емисијата беше родовата сензитивност/рамноправност која со новата Концепција за основно образование и Законот за основно образование се воведува како ЗАДОЛЖИТЕЛЕН елемент во сите одделенија од основното образование.
Во емисијата беа дадени одговори на следните прашања:
- Што е Сеопфатно Сексуално Образование (ССО)?
- Како ССО се разликува од Сексуалното Образование кое со новата концепција се воведува како изборен предмет?
- Што е родово-сензитивно образование и што промовира?
- Како дефиницијата за РОД се разликува од дефиницијата за ПОЛ според промоторите на новата Концепција за основно образование?
- Како позади дефиницијата за РОД се крие промоција на транс-родовата идеологија?
- Кои се штетните последици врз децата и зошто овој вид образование е спротивен на убедувањата на мнозинството родители во нашата земја?
- Зошто новата Концепција на МОН крши основни човекови права на родителите?
- Како официјалните информации преку „игра на зборови“ не ја обелоденуваат вистината на јавноста?
Децата кои стануваат сексуализирани имаат помала веројатност да можат да формираат и одржуваат стабилно семејство како возрасни. Овој шокантен документарец ја разоткрива штетната и графичка природа на наставната програма за сексуалноста што се инфилтрира во училиштата и ги сексуализира децата ширум светот. Преведен на седум различни јазици, филмот „Војната против децата“ веќе успеал да спречи воведување на задолжителни штетни програми за ССО за деца во голем број земји и држави. Достапeн e во верзија од 10 минути или 35 минути, на следниот линк:
Кратко видео во кое трансродови лица кои детранзитирале, лице со родова дисфорија, психолог и психијатар зборуваат за трансродовата идеологија и неповратната штета и загуба која истата ја нанесува на децата доколку се изложени на идеите кои истата ги пропагира.
Согласно препораките на Советот за избор во Здравствена заштита во Финска, родовата дисфорија, исто така е психо-социјална и психијатриска состојба.
https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/579259696783786.
Оваа идеологија завиткана во „родово-сензитивни содржини“ веќе и формално е дел од нашиот задолжителен образовен систем и причина за сериозната загриженост и отпор на родителите за кои институциите немаат слух.
Објавено од страна на Институтот за брак и семејство во Канада.
Во 2010 година, Онтарио ја претстави новата наставна програма за сексуално образование за 1-во до 8-мо одделение. Кога родителите видоа што има во неа, се крена таква бука, што владата ја повлече. Сега се врати.
Од техничките имиња на гениталиите на 6 годишна возраст до полов идентитет на 8 години, до анален и орален секс на 12 годишна возраст, до личен сексуален план на 13 години.
Во видеото е направен преглед на топ 10 работи кои родителите треба да ги знаат.
Сè поголем број на држави денес имаат некаква форма на Сеопфатно сексуално образование, или ССО, во нивните јавни училишта. Кај нас во Македонија, е во најава. Ова видео претставува искуство од Америка и опишува што претставува ССО, кои организации стојат зад него, гледиштето што го претставува и примерната наставна програма.
Извор: What is Comprehensive Sexuality Education - YouTube ( https://youtu.be/5eU0gydb8Gc )
„Уверена сум дека во тек е идеолошката битка со цел да се уништи семејството и поддршката што ја уживаат верските заедници, рече Рајсман во своето излагање, оценувајќи дека целта на сексуализацијата на децата е воспоставување тотална индоктринација и контрола на општеството, рече Рајсман.
Американската активистка Џудит Рајсман и британскиот новинар Тимоти Тејт денес, на покана од Клубот на пратеници на политичката партија ХДЗ, одржаа предавање пред некои опозициски пратеници и гости за предизвиците од воведување на сексуално образование во хрватските училишта, што беше оценето како првокласно идеолошко и светогледно прашање. што допрва треба да иницира дијалог во фокусот на правата и интересите на децата.
Со исклучителен интерес на медиумите, во скоро двочасовен разговор со Рајсман, учествуваа претставниците на ХДЗ, ХДССБ и претседателот на ХСП, д-р А.Старчевиќ Ружа Томашиќ. Меѓу гостите, дискусијата ја слушаа и претставници на Црквата, граѓански здруженија и претседателот на хрватскиот Хелсиншки комитет Иван Звонимир Шижак, адвокатот Звонимир Ходак и новинарката на ХРТ, Каролина Видовиќ Кришто.
Сепак, наводно поканетиот ресорен министер Жељко Јовановиќ, или кој било од неговото министерство, не присуствуваше на состанокот, а дискусијата се одржа без опозициски пратеници.
Зборувајќи за искуствата од сексуално образование во САД, Велика Британија, Рајсман ги повтори своите ставови дека програмата за сексуално образование се заснова на сексуална идеологија и дека поради тоа Хрватска наскоро може да се соочи со зголемување на малолетничка бременост и сексуално преносливи болести кај малолетни лица, а следствено на тоа и со емотивните трауми кај младата популација.
Тејт го постави прашањето за воведување на сексуално образование во училиштата во контекст на глобалниот обид за сексуализирање на децата поддржани од „трговијата и парите“.
Пратеникот од ХДЗ, Гордан Јандроковиќ, дебатата за сексуалното образование ја опиша како првокласно идеолошко прашање, додека пратеникот од ХДЗ, Давор Иво Штиер, предупреди дека основниот проблем е неговото воведување во хрватските училишта без „вистинска јавна дебата“.
„Ова е таен притаен план на левичарските радикали кои сакаат да го променат хрватското општество“, рече Јандроковиќ, додавајќи дека конзервативната страна е цврста во намерата да ги брани своите вредности.
Дарко Милиновиќ ги повика сите демохристијански опции во земјата заеднички да се спротивстават на предизвикот за уништување на хрватското семејство, бидејќи во спротивно оваа битка ќе биде изгубена и доминантната улога во воспитувањето на децата ќе ја преземат медиумите и социјалните мрежи.
Британскиот новинар Тимоти Тејт, кој ја придружува Рајсман во посетата на Хрватска, во дебатата постојано предупредуваше на двосмисленоста на целта да се воведе сексуално образование во хрватските училишта.
- Целта треба да биде да се одложи сексуалната активност на децата до зрелоста, но се чини дека недостасува во предложената програма, предупреди Тејт, на што д-р Анте Ćорушиќ рече дека тоа е очигледно „идеолошки неокомунизам“.
Рајсман и Тејт исто така ја повторија поддршката за новинарката на ХТВ, Каролина Видовиќ Кришто, чие шоу беше откажано, според Тејт, поради презентацијата и другите ставови за сексуалното образование. Од оваа причина, Рајсман „испрати отворено писмо до министерот и директорот на ХРТ да се врати на работа новинар, казнет само затоа што си ја завршил работата“.
На почетокот на состанокот, пратеникот Стиер и заменик претседател на парламентот Жељко Рајнер му се извинија на Рајсман за непријатностите што и беа предизвикани по нејзиното доаѓање во Хрватска од „нетолерантна Хрватска која не почитува различни ставови“.
Педофилијата и хомосексуалноста како основа на сексуалното образование?
https://youtu.be/TlaCwh2Xtc0
Pranje mozga - Paradoks rodne ravnopravnosti
https://youtu.be/9oS_I26C8aY
O pozadini zdravstvenog odgoja
https://www.slideshare.net/bioslogosspiritus/o-pozadini-zdravstvenog-odgoja-16044875?ref
Judith Reisman - Zagreb - konferencija za novinare
Извор: https://youtu.be/5rK8ZJTwckw
Програмите за Сеопфатното Сексуално Образование (ССО) се маскирани под многу имиња и може да бидат наречени: сеопфатно сексуално образование, сеопфатно секс образование или сеопфатно образование за сексуалност, образование за човековата сексуалност, образование за репродуктивно здравје, информации за сексуалното и репродуктивното здравје, здравствено образование, родово-сензитивно образование, образование за семеен живот, превенција на тинејџерска бременост, превенција на силување, програми против силеџиство, превенција на ХИВ-СИДА и понекогаш дури и образование за апстиненција или апстиненција плус.
Ова видео е снимено во рамките на ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД СЕРИЈАТА НА СЛУЧУВАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЕМЕЈНАТА СТРАНА - Превенција на сексуализацијата на децата, со тема: „Сексуални права или сексуално здравје: кога сексуалната едукација на децата е претерана".
Предавач е Шерон Слејтер, претседател на Меѓународниот Семеен Надзор и претседавач на пратеничката група на ООН за Семејни Права.
Шерон Слејтер е и режисер на филмот Војна со децата кој можете да го погледнете на следниот линк:
https://www.bitchute.com/video/H90b1pjfLZaZ/?fbclid=IwAR07vJ-stEWlfOOxE81qBP0o2tITcg5EoY-bunLFaOA3bRnOgBPzRyLDecY
Во ова видео Шерон Слејтер уште во 2014 година, зборува за сеопфатното сексуално образование (ССО), неговите промотори, штетните и контроверзни елементи на ССО и што треба да направат родителите и владите за да ги заштитат децата од истото.
ИЗВОР: https://youtu.be/zTczd6AUsPY
д-р Мириам Гросман, e овластен психијатар за деца, адолесценти и возрасни во САД. Д-р Гросман пишува и зборува со родители, студенти, воспитувачи, законодавци и здравствени професионалци на меѓународно ниво за опасностите од политичката коректност во нејзината професија. Предаваше во Комисијата на Обединетите Нации за статусот на жените и во британскиот Дом на лордовите.
Мисијата на д-р Гросман е да ги нагласи опасностите од пристапот кон сексуалното здравје базиран на кондоми. Со примери од врвни истражувања, таа докажува дека сексот е сериозна работа и никогаш не може да биде „лежерен“, особено за девојчињата.
Таа исто така известува за нејзиното испитување на образовните ресурси и веб-страниците во Нов Зеланд кои се иправувани од организации што е „Планирање на Семејството“, „Виножито младина“ и други – многу од нив финансирани од владата, достапни за училиштата и насочени кон учениците.
Извор: https://www.youtube.com/watch?v=0IeKSCHXs-0
Според д-р Мириам Гросман, „Приоритетот на групи како Планирање на Семејства не е сексуалното здравје, туку сексуалните права. Целта на овие организации, финансирани од владата, е учениците да бидат отворени за речиси секоја сексуална активност. На децата им се кажува дека сексуалноста се протега од колевка до гроб“.
Презентацијата д-р Гросман ја завршува со зборовите:
„Принципите, кои за мене во САД се тие на „Планирано Родителство" и вашата асоцијација „Планирано Семејство" или „Виножито-Младост“... (кај нас во Македонија тоа е ХЕРА и др.).... Тие принципи, тие се вистинско лудило бидејќи промовираат сексуална слобода и: Кога сексуалната слобода владее, сексуалното здравје пати“. Дали секоја млада личност ќе го одложи сексот? Секако дека не. Но, сепак имаме обврска да ги информираме за ризиците со кои се соочуваат, да ги научиме на биолошките вистини во врска со нивните физички и емотивни ранливости. Да ги предупредиме, и тоа не на начин кој е бессмислен, да избегнуваат високоризични однесувања и да го охрабруваме највисокиот стандард, тоа е она што го правиме во секој друг дел од здравството. Но, што се однесува до сексуалноста, децата ги учат дека можат да играат со оган и чекалните на докторите и терапевтите се полни со луѓе кои се изгореле од внатре и надвор. Ве охрабрувам сите да ја осудите оваа опасна порака, да им кажете на учениците дека сексот е сериозна работа, дека она што го гледаат на телевизија и во филмовите е фантазија. Всушност, науката ја потврдува старата мудрост, дека треба да се ограничи сексуалното изразување во брак. Тоа е идеалот. Да им кажеме на учениците дека болката и ужасот од Сексуално Преносливите Болести и несакани бремености, можат 100% да се избегнат. Сè е во нивни раце и тие можат да го направат тоа. Едуцирајте се себеси за овие групи финансирани од владите и материјалот кој го промовираат на учениците, не го дозволувајте ова во вашето училиште.“
д-р Мириам Гросман, e овластен психијатар за деца, адолесценти и возрасни во САД. Д-р Гросман пишува и зборува со родители, студенти, воспитувачи, законодавци и здравствени професионалци на меѓународно ниво за опасностите од политичката коректност во нејзината професија. Предаваше во Комисијата на Обединетите Нации за статусот на жените и во британскиот Дом на лордовите.
Мисијата на д-р Гросман е да ги нагласи опасностите од пристапот кон сексуалното здравје базиран на кондоми. Со примери од врвни истражувања, таа докажува дека сексот е сериозна работа и никогаш не може да биде „лежерен“, особено за девојчињата.
Таа исто така известува за нејзиното испитување на образовните ресурси и веб-страниците во Нов Зеланд кои се иправувани од организации што е „Планирање на Семејството“, „Виножито младина“ и други – многу од нив финансирани од владата, достапни за училиштата и насочени кон учениците.
Извор: https://www.youtube.com/watch?v=0IeKSCHXs-0
Според д-р Мириам Гросман, „Приоритетот на групи како Планирање на Семејства не е сексуалното здравје, туку сексуалните права. Целта на овие организации, финансирани од владата, е учениците да бидат отворени за речиси секоја сексуална активност. На децата им се кажува дека сексуалноста се протега од колевка до гроб“.
Презентацијата д-р Гросман ја завршува со зборовите:
„Принципите, кои за мене во САД се тие на „Планирано Родителство" и вашата асоцијација „Планирано Семејство" или „Виножито-Младост“... (кај нас во Македонија тоа е ХЕРА и др.).... Тие принципи, тие се вистинско лудило бидејќи промовираат сексуална слобода и: Кога сексуалната слобода владее, сексуалното здравје пати“. Дали секоја млада личност ќе го одложи сексот? Секако дека не. Но, сепак имаме обврска да ги информираме за ризиците со кои се соочуваат, да ги научиме на биолошките вистини во врска со нивните физички и емотивни ранливости. Да ги предупредиме, и тоа не на начин кој е бессмислен, да избегнуваат високоризични однесувања и да го охрабруваме највисокиот стандард, тоа е она што го правиме во секој друг дел од здравството. Но, што се однесува до сексуалноста, децата ги учат дека можат да играат со оган и чекалните на докторите и терапевтите се полни со луѓе кои се изгореле од внатре и надвор. Ве охрабрувам сите да ја осудите оваа опасна порака, да им кажете на учениците дека сексот е сериозна работа, дека она што го гледаат на телевизија и во филмовите е фантазија. Всушност, науката ја потврдува старата мудрост, дека треба да се ограничи сексуалното изразување во брак. Тоа е идеалот. Да им кажеме на учениците дека болката и ужасот од Сексуално Преносливите Болести и несакани бремености, можат 100% да се избегнат. Сè е во нивни раце и тие можат да го направат тоа. Едуцирајте се себеси за овие групи финансирани од владите и материјалот кој го промовираат на учениците, не го дозволувајте ова во вашето училиште.“
Ново шокантно видео во живо „Акција во Живо“ (Life Action), непрофитна организација против абортусот, открива како бизнисот на Планирано Родителство за абортус ги учи тинејџерите за сексуални врски и концепти како што се: врзување, камшикување и задушување.
Во серија на прикриени ревизии, истражителите на Акција во Живо, документираа како советници и медицински сестри од Планирано Родителство ги советуваа нашите истражители (за кои вработените во Планираното Родителство мислеа дека се малолетни лица), за тоа како да се практикува мачење за време на секс.
На видеата, советниците од Планирано Родителство ги охрабруваат тајните истражувачи кои објавуваат дека се 15 и 16-годишни тинејџери, да се вклучат во садомазохистички практики, кажувајќи им на малолетните тинејџери „ако е направено со дадена согласнот, тогаш е во ред ... сосема е во ред“.
„Она што ќе го објавиме покажува системски, институционален проблем во најголемата американска корпорација за абортус“, изјави Лила Роуз, претседател на „Акција во живо“. „Не станува збор за „Не суди“, туку за експлицитно одобрување на насилни и штетни сексуални практики на момчиња и девојчиња на возраст од 15 години“.
Групата се жали: „Планирано Родителство постојано се бори против секој закон со кој се бара родителска согласност или нивно вклучување, за малолетници кои бараат сексуална и репродуктивна здравствена заштита, вклучително и абортуси. Интернет-страницата на Планирано Родителство ги охрабрува тинејџерите да ги заобиколат своите родители и законот “.
„Даночните обврзници, а особено родителите, треба да знаат каде одат нивните пари“, рече Роуз. „Ова финансирање не е опционално - тоа е задолжително, владино извлекување на средства по сила на закон кон крајно сомнителни програми и опасни совети за тинејџерите на нашата нација“
Роуз очекува претстојните истражувачки изданија на Акција во живо да служат како „повик за будење за родителите на Америка“. „Ова не е партиско прашање. Без разлика дали луѓето се либерални или конзервативни, па дури и дали се за живот или за избор, мислам дека ќе видиме многу заеднички точки во гневот за тоа што ќе им покажеме на луѓето “.
Ова видео претставува трејлер којшто го прикажува серијалот од видеа со кои Планирано Родителство е изложено.
Планираното родителство на Хадсон Пеконик спонзорираше семинар за обука, дизајниран за едукаторите на тинејџери, насловен како „50 нијанси на безбедно“. На семинарот беа понудени работилници / часови на тема „како успешно се спроведува BDSM (робување, дисциплинирање, садизам и мазохизам) помеѓу сексуалните партнери“ и „елементите на здравата врска со BDSM“.
Официјалната веб-страница на Планирано Родителство ги наведува BD (ропство и дисциплина) и СМ (садизам и мазохизам) во делот Секс и сексуалност - „Разбирање на сексуалната активност - на прв поглед“, без никакви предупредувања или забелешки за безбедноста: „Еве некои примери за помалку вообичаени сексуални однесувања: SM (садомазохизам) - употреба на доминација и/или болка за сексуално возбудување. BD (ропство и дисциплина) - сексуална игра со улоги што вклучува елементи на SM“.
Планирано Rодителство добива повеќе од 500 милиони УСД годишно од даночните обврзници, во име на таканареченото сексуално образование и здравје. Понатаму, под ОбамаКаре, Планирано родителство објави дека ќе добие, во непознат износ, средства од Програма за лична одговорност и образование (PREP) која чини 75 милиони милиони долари годишно PREP, при што 15 филијали веќе добија грантови.
Ова е ставот на Планирано Родителство за тоа каков вид сексуална активност е добра или не: „Само затоа што одредено сексуалното однесување не е вообичаено, или пак затоа што некои луѓе не го одобруваат тоа, или пак причините поради кои луѓето уживаат во тоа; не значи дека има нешто што не во ред со него. Многу луѓе уживаат во поретки видови на секс, но честопати имаат помала веројатност да разговараат за тоа со други. Еден начин да се размислува за невообичаени видови на секс е ова: ако никој не е повреден од сексот што некој може да го ужива, тогаш веројатно е во ред “.
Планирано Родителство ја изедначува неограничената сексуална активност со „слободата, еднаквоста и достоинството“ според нивната „Декларација за сексуални права“. Абортусите и хормонските лекови се наведени како права што придонесуваат за „слободата, еднаквоста и достоинството на сите луѓе“ - вклучувајќи ги и тинејџерите и децата.
Планирано родителство ги прикрива сексуалните злоупотреби врз млади девојки нудејќи им тајна сексуална и репродуктивна здравствена заштита, вклучително и абортуси, и обучувајќи ги овие млади дами за тоа како да ја чуваат тајната активност од нивните родители.
Извор: https://www.lifenews.com/2014/06/10/shock-video-catches-planned-parenthood-teaching-teens-sm-sex-gagging-whipping-and-asphyxiation/
Федерацијата за Планирано Родителство во Америка (Planned Parenthood Federation of America PPFA) или Планирано Родителство (Planned Parenthood) е непрофитна организација која обезбедува репродуктивни здравствени услуги во Америка и глобално. Организацијата директно обезбедува различни видови услуги за репродуктивното здравје и сексуална едукација, допринесува за истражувања во репродуктивната технологија и е адвокат за заштита и експанзија на човековите права. Исто така, во Америка, таа е најголемиот давател на здравствено репродуктивни услуги, вклучително и абортус.
Планирано Родителство е членка на Интернационалната федерација за планирано родителство (International Planned Parenthood Federation IPPF https://www.ippf.org/about-us). IPPF, е ораганизација за која се кажува дека „ниедна друга организација не направила повеќе за ширење абортус низ целиот свет.
https://www.pop.org/abortion-for-all-how-the-international-planned-parenthood-federation-promotes-abortion-around-the-world/
Во 2015 година, Medicaid – федерална и државна програма во Америка (преку која Планирано Родителство добива државни финансии) во тајна истрага ja разоткри Планирано Родителство дека е вклученa во нелегална трговија на органи од абортирани фетуси. Главниот директор за медицински услуги на Планирано Родителство, во графички детали, опишува како се презервираат „вредни“ ткива од фетуси за време на абортус. Повеќе детали можете да видите токму во ова видео. Државата Тексас одлучи да ja казни Планирано Родителство така што ќе и го скрати финансирањето поради ваквото прекршување на законот, за што државата Тексас беше тужена од страна на Планирано Родителство. По однос на оваа тужба, Окружниот суд издаде наредба да не биде спроведена казната на државата Тексас врз Планирано Родителство, Но, на крајот, во 2019 година, 5-тиот Апелационен суд со пресуда (http://www.ca5.uscourts.gov/opinions/pub/17/17-50282-CV0.pdf) ја укина наредбата на Окружниот суд затоа што на основа на форензичка истрага утврдил дека видеата се верни на оригиналот и дека не се дополнително едитирани. Значи, за нелегална трговија со абортирани фетуси, Планирано Родителство е казнета единствено така што ѝ е скратено финансирањето во една држава!!!
Д-р Мишел Кретела е претседател на Американскиот колеџ за педијатри, овластен педијатар и член на CMA. Таа беше избрана за член во Управниот одбор на колеџот во 2005 година. Подоцна, 2015 година е избрана за претседател.
Д-р Кретела беше претседател на Комитетот за адолесцентна сексуалност, Комитетот за детски психосоцијален развој и Комитетот за научна политика. Во овие улоги таа стана една од главните истражувачи, писатели и портпароли на колеџот за прашања поврзани со детското ментално и сексуално здравје.
Нејзината статија „Родова дисфорија кај децата и сузбивање на дебатата“ беше објавена во Journal of American Physicians and Surgeons, 2016 година.
Д-р Кретела служи на Медицинскиот комитет на Алијансата за терапевтски избор и научен интегритет (национална организација на здравствени работници кои се залагаат за психотерапија за его-дистонична хомосексуалност и родова дисфорија). Д-р Кретела служеше во Управниот одбор на Националното здружение за истражување и терапија за хомосексуалноста (NARTH) од 2010-2015 година.
Д-р Кретела ја стекна својата медицинска диплома во 1994 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Конектикат. Стажирањето и специјализацијата во педијатрија го завршила во 1997 година во Детскиот медицински центар Конектикат во Хартфорд, Конектикат.
После 15 години работа во руралните области на Конектикат и Род Ајленд, таа ја напушти клиничката пракса за да посвети повеќе време на семејството и колеџот. Д-р Кретела и нејзиниот сопруг имаат три сина и ќерка.
Извор: https://youtu.be/GlB9kfakEak
Д-р Мишел Кретела е претседател на Американскиот колеџ за педијатри, овластен педијатар и член на CMA. Таа беше избрана за член во Управниот одбор на колеџот во 2005 година. Подоцна, 2015 година е избрана за претседател.
Д-р Кретела беше претседател на Комитетот за адолесцентна сексуалност, Комитетот за детски психосоцијален развој и Комитетот за научна политика. Во овие улоги таа стана една од главните истражувачи, писатели и портпароли на колеџот за прашања поврзани со детското ментално и сексуално здравје.
Нејзината статија „Родова дисфорија кај децата и сузбивање на дебатата“ беше објавена во Journal of American Physicians and Surgeons, 2016 година.
Д-р Кретела служи на Медицинскиот комитет на Алијансата за терапевтски избор и научен интегритет (национална организација на здравствени работници кои се залагаат за психотерапија за его-дистонична хомосексуалност и родова дисфорија). Д-р Кретела служеше во Управниот одбор на Националното здружение за истражување и терапија за хомосексуалноста (NARTH) од 2010-2015 година.
Д-р Кретела ја стекна својата медицинска диплома во 1994 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Конектикат. Стажирањето и специјализацијата во педијатрија го завршила во 1997 година во Детскиот медицински центар Конектикат во Хартфорд, Конектикат.
После 15 години работа во руралните области на Конектикат и Род Ајленд, таа ја напушти клиничката пракса за да посвети повеќе време на семејството и колеџот. Д-р Кретела и нејзиниот сопруг имаат три сина и ќерка.
Извор: https://youtu.be/ncl3ZFitt84
Со Гордана Гоџо,
Претседател на здружението
за заштита на човековите права
„Од нас за нас", зборуваме
за трансродовата идеологија,
која насилно се воведува во македонскиот образовен систем..?!
Интервјуто е направено во паркот „Жена борец“, тоа не е случајно,
и тоа е во режија на нашиот Господ и Спасител,
Исус Христос....
Велиме: Не за родовата идеологија во македонскиот
образовен систем.