First published at 14:07 UTC on January 22nd, 2021.
Д-р Мишел Кретела е претседател на Американскиот колеџ за педијатри, овластен педијатар и член на CMA. Таа беше избрана за член во Управниот одбор на колеџот во 2005 година. Подоцна, 2015 година е избрана за претседател.
Д-р Кретела беше претседате…
MORE
Д-р Мишел Кретела е претседател на Американскиот колеџ за педијатри, овластен педијатар и член на CMA. Таа беше избрана за член во Управниот одбор на колеџот во 2005 година. Подоцна, 2015 година е избрана за претседател.
Д-р Кретела беше претседател на Комитетот за адолесцентна сексуалност, Комитетот за детски психосоцијален развој и Комитетот за научна политика. Во овие улоги таа стана една од главните истражувачи, писатели и портпароли на колеџот за прашања поврзани со детското ментално и сексуално здравје.
Нејзината статија „Родова дисфорија кај децата и сузбивање на дебатата“ беше објавена во Journal of American Physicians and Surgeons, 2016 година.
Д-р Кретела служи на Медицинскиот комитет на Алијансата за терапевтски избор и научен интегритет (национална организација на здравствени работници кои се залагаат за психотерапија за его-дистонична хомосексуалност и родова дисфорија). Д-р Кретела служеше во Управниот одбор на Националното здружение за истражување и терапија за хомосексуалноста (NARTH) од 2010-2015 година.
Д-р Кретела ја стекна својата медицинска диплома во 1994 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Конектикат. Стажирањето и специјализацијата во педијатрија го завршила во 1997 година во Детскиот медицински центар Конектикат во Хартфорд, Конектикат.
После 15 години работа во руралните области на Конектикат и Род Ајленд, таа ја напушти клиничката пракса за да посвети повеќе време на семејството и колеџот. Д-р Кретела и нејзиниот сопруг имаат три сина и ќерка.
Извор: https://youtu.be/GlB9kfakEak
LESS