First published at 05:59 UTC on March 29th, 2024.
Во 2013 година, биологот д-р Брајан Хукер доби повик од виш научник во Центaрот за контрола и превенција на болести на САД (ЦКБ), кој ја предводеше студијата на агенцијата од 2004 година за вакцината против морбили-заушки-рубела (МРП) и нејзината по…
MORE
Во 2013 година, биологот д-р Брајан Хукер доби повик од виш научник во Центaрот за контрола и превенција на болести на САД (ЦКБ), кој ја предводеше студијата на агенцијата од 2004 година за вакцината против морбили-заушки-рубела (МРП) и нејзината поврзаност со аутизмот.
Научникот, д-р Вилијам Томпсон, призна дека ЦКБ ги испуштила клучните податоци во нивниот конечен извештај кои откриле причинско-последична врска помеѓу МРП вакцината и аутизмот. Во текот на неколку месеци, д-р Хукер ги снима телефонските повици што му ги упатил д-р Томпсон кој ги обезбедува доверливите податоци уништени од неговите колеги во ЦКБ.
Д-р Хукер бара помош од д-р Ендрју Вејкфилд, британскиот гастроентеролог лажно обвинет дека го започнал антивакциналното движењето, кога првпат, во 1998 година, пријавил дека вакцината МРП може да предизвика аутизам.
Во својот тековен напор да се залага за здравјето на децата, Вејкфилд го режира овој документарец кој ги испитува доказите зад ужасното прикривање извршено од владината агенција задолжена за заштита на здравјето на американските граѓани.
Интервјуата содржани во филмот, со фармацевтски инсајдери, лекари, политичари и родители на деца повредени од вакцини - откриваат алармантна измама што придонесе за вртоглаво зголемување на аутизмот и потенцијално најкатастрофалната епидемија во нашиот живот.
Ако прикрилие и уништиле податоци конкретно за оваа студија, за што уште нѐ лажеа?
За што уште нѐ лажат?
Прочитајте повеќе:https://vaxxedthemovie.com/about/
LESS